За оваа неделно утро, ви препорачуваме да заборавите на вашите секојдневни грижи и да посветите квалитетно време дружејќи се со следниве едностави, но забавни игри:
Носталгично патување преку флипери
Неодамна, пишувавме за огромните потенцијали со кои се одликува Zen Pinball World. Оваа бесплатна апликација содржи над 20 табли кои се инспирирани од популарни филмови, серии или игри. Но, доколку не сте по играње на мобилен телефон, тогаш би можеле да ја проверите PC верзијата.
Pinball FX е бесплатна апликација преку која можете да играте на најразлични флиперски табли. Талентираните Zen Studios макотрпно работат на исфрлување забавни флиперски табли кои црпат испирација од најразлични креативни дела. Неодамна, ги исфрлија долго-очекуваните табли за The Princess Bride и Goat Simulator. Како последен додаток,Pinball FX се поднови и со Pinball FX – Williams™ Pinball Volume 8. Овој додаток се одликува со 3 табли, и тоа:
- Black Knight™ 2000
- Banzai Run™: Be the King of the Hill
- Earthshaker!™
Како што и самите сигурно забележавте од трејлерот, се работи за квалитетно дизајнирани табли, со бројни, блескави ефекти, анимации и звучни ефекти. По неколку одиграни партии на секоја од трите табли, едноставно не би знаеле која од која е поинтересна. Zen Studios се долго време во овој бизнис и точно знаат како да ги осмислат таблите за да се понуди визуелено спектакуларна и исполнителна забава.
Братство со банана
Навистина не знаеме кој што и погрешил на бананава, но претпоставуваме дека се работи за драматична серија од настани. Како, во спротивно, би можеле да го објасните неуморливиот хаос кој се сее помеѓу легијата од нездрави закуски? Bronana е survivor roguelite кој ви дозволува етапно да уништувате бројни непријатели и босови така што користите арсенал од импресивни ладни и огнени оружја.
Bronana позајмува трик-два од Hades и трик-сто од Vampire Survivors. Имено, бананата со која играте функционира како и сите VS клонови, со автоматско напаѓање на легијата од непријатели, собирање злато и искуствени поени, бирање едно од три понудени надградби, опрема или оружја. Но, наместо врткање низ една поголема мапа, во Bronana имате за задача да издржите одредено време на една помала мапа. Потоа, ќе можете да изберете да поминете во некоја друга мапа. Пред самиот премин ви се кажува што би можела да биде ултимативната награда доколку успеете да издржите доволно долго. Наградата може да биде опрема, злато, оружје, појавување на трговец, и слично.
Во Bronana почнувате само со една класа, но како напредувате понатаму така отклучувате повеќе од нив. Мора да го пофалиме оникатниот дизајн на непријателите, како и бројните оружја и способности, како нашиот омилен – двоен лајтсејбер. На располагање имате над 35 оружја, како и над 240 додатоци кои помагаа во изградба на вашата посакувана класа. Корисничкиот интерфејст делува исклучително аматерски, со лоша поставеност на одредени елементи, особено на текстот. Но, надвор од ова, играта се игра одлично!
Апсолутно разбираме доколку не ви се допаѓаат овие предлози. Во тој случај, кликнете тука за да откриете уште многу други игри кои, со малку среќа, би можеле да ви се допаднат и да допринесат до пријатен неделен ден.