1 коментар 2 мин. читање 6 август, 2015

Направен е функционален прототип на првиот лебдечки скејтборд

Lexus Hoverboard е едeн од оние култни уреди кои ги чекаме веќе дваесетини години. Уште oд ’80-тите кога беше претставен како идеја на Back to Future, знаевме дека иднината ќе дојде кога ќе се појавии првиот летечки скејтборд. Но, за жал е добра вест и лоша вест. Лошата вест е дека иднината нема да пристигне уште некое време,а добрата вест е дека прототипот е креиран и функционира.

За разлика од филмската верзија, верзијата креирана од Lexus и германскиот партнер Evico може да се вози единствено на специјална подлога. Технологијата е идентична со онаа на маглев возовите, а тоа значи дека во самиот скејтборд е вградена и батерија со капацитет кој е доволен за возење помеѓу 10 и 15 минути. Lexus не само што нема намера во догледно време да го продава лебдечкиот скејтборд, туку одбива и да заборува за цената. Единствена причина за развојот на овој уред е реклама, вели Bloomberg. Bез сомневање очите на јавноста оваа недела беа фокусирани на Lexus и скиролот од иднината.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top