0 коментари 1 мин. читање

Apple Watch веќе доминира на пазарот на паметни часовници

Без разлика дали е добар или лош, го сакате или мразите, Apple Watch започна со својата доминација на пазарот за паметни часовници. Дури 75 отсто од продадените паметни часовници се Apple Watch, вели истражувањето на Strategy Analytics, пренесено од PR newswire.

Добра вест за останатите производители е што корисниците стануваат позаинтересирани за паметните часовници, па пазарот забележува пораст од 457 проценти, односно 5 милиони во последното тримесечие, во споредба со еден милион со истото тримесечие минатата година. Продажбата е толку поголема што само во второто тримесечие на 2015 година се продадени повеќе паметни часовници отколку во цела 2014 година.

Според податоците Apple успеал да продаде 4 милиони паметни часовници во овој период, а Samsung околу 400.000 или 8 отсто од пазарот. Двете компании заедно испорачуваат повеќе од 8 на секои 10 часовници кои се продаваат.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top