Некој направи апликација за лудите слики направени со невронската мрежa на Google

Неодамна Google ја отвори својата невронска мрежа Deep Dream за сите кои сакаат да ги модифицираат своите фотографии или да експериментираат со технологијата. Кодот е отворен на Github oд самиот почеток, но сепак требаше неколку месеци да се појави првата апликација. Тоа е Dreamscope која е веб апликација што овозможува едноставно модифицирање на сликите преку Deep Dream. Во моментов постојат 19 филтри, а сите ги прават сликите од чудни – почудни. Со оглед на тоа дека станува збор за апликација, доаѓа со ограничувања во споредба со оригналниот код на Google, што не значи дека нема да се забавувате.

Обидот да се објасни што всушност прави Deep Dream е речиси невозможен, сепак се чини дека по пропуштањето на сликата по неколку „неврони“, вештачката интелигенција која се развива за препознавање на објекти на слики ги комбинира сликите со други барајќи сличности во композицијата, или можеби сличностите се бараат преходно или истовремено. Тоа што е заедничко за речиси сите слики е дека конечниот изглед на сликата без разлика колку бујна фантазија имате нема да може да го претпоставите. Веб апликацијата доаѓа и со можност за разгледуавње на повеќе слики кои минале низ Deep Dream преку галеријата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments