Врескајте низ Исланд со следниот веб сајт

во Веб

Пандемијата си го направи своето и, како резултат, бројот на депресивни и разочарани луѓе несомнено се има зголемено. Верувале или не, како една од терапиите кои се препорачуваат во борбата против депресијата е врескање.

Кога веќе врескате, би можеле да го направите тоа со стил, да го снимате вашето врескање, а потоа да го ослободите во Исланд. Looks Like you need Iceland е веб сајт кој го снима вашиот врисок, а потоа го пушта преку звучници во една од седум отворени и преубави локации низ Исланд.

Looks like you need Iceland е веб сајт со две цели. Од една страна, се стреми да ја развие свеста за депресијата и за една од можните методи со која лицата можат да се изборат против неа. На предната страна од сајтот имате детално упатство за тоа каков став треба да заземете и какви мисли да ве опкружуваат за да кога ќе вреснете ќе го извлечете максимумот на оваа метода и најдобрите бенефиции. Паралелно со ова, можете да слушнете вресоци на други луѓе, најверојатно за да се види дека не сте единствените со проблеми и дека не сте сами во битката и напорите за издигнување во ваша подобра верзија.

Од друга страна, скептиците би можеле да кажат дека ова е туристички трик, креативно остварување замислено да ги насочи нишаните на туристите токму кон оваа локација. Во случај да сте и вие еден од нив и да сте лути поради ова, соберете го бесот, дозволете му да премине во вресок и да пролета низ раскошните полиња на Исланд.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Врескајте низ Ис… appeared first on […]