Војна за авторски права помеѓу друштвените игри

Неодамна NimbleBit, создавачите на играта Tiny Tower, преку инфографик објавен на разни друштвени мрежи и форуми ги обвини Zynga Games, создавачите на ултрапопуларните Farmville и Cityville, за плагијат на нивната игра Tiny Tower. Од копирање на механички елементи во играта до целосниот визуелен стил, NimbleBit иронично се заблагодарува на Zynga што ја играат нивната Tiny Tower игра толку многу за да направат идентична копија наречена Dream Heights.

Самата Tiny Tower е слична на Sim Tower издадена во 1994 години од Maxis, но сепак директно не „позајмува” естетски, технички елементи од Sim Tower туку создава свој оргинален пристап кон стилот на игра што е присутен кај Sim Tower.

Случајот сега станува уште посложен со уште едно обвинение за плагијат од уште еднo инди студио, Buffalo Games, првпат објавено во VentureBeat , кај што повторно се обвинуваат Zynga за плагијат. Несомнено е дека во овој контекст би било интересно да се спомне дека NimbleBit се студио што се состои од точно тројца луѓе и кое неодамна Zynga сакаше да го купи, но неуспешно.

Неодамна напишавме за подложноста за зависност од играта Triple Town, а веќе се случува друга игра да ја копира Triple Town со буквално истата механика и некој естетски аспекти. Меѓу овие студија веќе се случува и правна битка и за тоа можете повеќе да прочитате овде.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments