Северна Корeја „фарма“ злато од MMO игрите?

во Свет

Северна Кореа и Јужна Кореа го користат секој можен начин, заедно со употреба на воена сила (засега без отворена објава на војна), да си напакостат една на друга. Најчесто до сега хакерите од Северна Кореа ги напаѓаа владините сајтови на своите соседи и држави кои режимот во Пјонгјанг ги смета за непријателски. Во интервју за Reuters претседателот од McAfee задолжен за безбедносни ризици, Димитри Алперович обвини дека „нападите доаѓаат од една (неидентификувана) држава, која и порано била извор на напади“.  

Меѓутоа, минатата недела New York Times објави дека властите во Јужна Кореа предупредуваат дека лидерот на Северна Кореа Ким Јонг-Ил има свој рекет на масивни мултиплеер игри (ММО).  Во изјавата тие го обвинуваат дека несанкционираат напади на млади хакери врз неколку популарни јужно корејски ММО-а меѓо кои Lineage и Dungeon and Fighter Online. Хакерите според Јужна Кореа го завршиле своето образование во неколку елитни технички училишта на северниот сосед.

Се проценува дека мрежата била составена од триесеттина членови кои оперирале од две локации во Јужна Кореа и Кина. Според полицијата членовите на групата биле обврзани да испратат 500 долари месечно во Северна Кореа, овие пари влегувале во „мешан фонд“ кој според извори од Јужна Кореа и Америка се користел за развој на нуклеарната програма и за давање на мито на членови на партијата и војската.

Според портпаролот на полицијата организаторите на нападите контактирале со агенцијата на комунистичката партија „Office 39”. Парите ги добивале со фармање на пари од игрите кои покасно ги продавале за вистински пари. Најголем дел од парите 55% организаторот им исплаќал на хакерите, кои потоа дел од парите ги префрлале на сметки во Северна Кореа. Според проценката на полицијата, северно коријците за помалку од две години „заработиле“ шест милиони долари.

И покрај обемот на пари кој е префрлен и зголемениот број на напади Јужна Кореа најави дека сè уште го разработуваат планот со кој ќе ја зголеми безбедноста. Инаку поради огромната инвестиција на владата на Јужна Кореа ова е најдобро покриена држава во светот со интернет и околу 95% од домаќинствата имаат пристап до интернет.

Од Северна Кореа ги отфрлија обвинувањата, и објавија дека имаат за цел да ја разгорат нетрпеливоста помеѓу двете држави и покрај фактот дека неодамна Северно Корејски дефектор објави дека во Северна Кореа се регрутираат илјадници во сајбер единиците.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments