Откако го издолжија екранот на iPhone 5, Apple сега сака да го зголеми екранот и на новиот iPad на 16:9.
Како што пренесува The Examiner, три извори од Apple потврдуваат дека компанијата работи на нов iPad и дека тој ќе има поголем екран со слика 16:9. Така, на четвртата генерација на iPad ќе можете да гледате филм на целиот екран, за разлика од iPad 2 и iPad 3 кои имаа големина на сликата 4:3 и имаше празен цел на горниот и долниот дел од екранот.
Што се однесува до iPad 4, за истиот кружат гласини дека ќе биде претставен во март 2013 година, па ќе мора да се стрпиме уште малку за да видиме што други новости ќе ни донесат од Apple.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







