Нов оперативен систем xrOS како најава за очилата за проширена реалност од Apple

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Се поизвесно е излегувањето на очилата за проширена реалност од Apple. Компанијата своите први очила би можела да ги престави веќе на следната година. Ова е изненадување со оглед на тоа дека вообичаениот термин за презентација на нови уреди за Apple е во октомври. Компанијата на тој настан не ги претстави, ниту ги најави очилата. Сепак кога ќе ги претстави ќе бидат прв нов уред од Apple по паметниот часовник Apple Watch.

Како и сите пред Apple и тие си издадоа сопствено име за проширената реалност низ очилата. Microsoft има mixed reality, Intel merged reality, а Apple најави extended reality. Компанијата го промени и интерното име на оперативниот систем од realityOS во xrOS. Истовремено преку шел корпорацијата „Deep Dive LLC“ започнале со заштита на xrOS во САД, држави членки на Европската унија, во Азија, Обединетото Кралство, Австралија , Мексико, Украина, Јапонија и Канада, пренесе Bloomberg.

Apple се одлучил за пристап кој е сличен до пристапот кој го имаат во Microsoft. Очилата ќе овозможуваат дополнителен слој на слики и податоци кои ќе биде презентиран директно над сликата од физичкиот свет. Како ќе биде изведено ова и дали е блиску до идејата на Microsoft засега е непознато.

Некои од апликациите кои се достапни за уредите на Apple, како Messages или Maps ќе имаат верзија и за очилата. Веќе може да замислиме како ќе изгледа тоа, пораките или навигацијата ќе доаѓаат директно пред очите на корисникот. Дел од гласините најавуваат дека очилата на Apple ќе овозможат алатки за виртуелна соработка преку верзија на FaceTime.

Веројатно најдобар показател за тоа колку доцни Apple на пазарот е фактот дека компанијата започна да го развива оперативниот систем пред 7 години. Во истиот период Microsoft го претстави HoloLens. Google ги претстави своите очила за проширена реалност Project Glass во 2012 година.

Добра вест за Apple е дека иако доцни, пазарот е отворен. Виртуелната реалност е поделена помеѓу HTC Valve, Oculus и PlayStation VR, но ниту една компанија нема преголем дел од пазарот. Microsoft HoloLens 2, Oculus Quest 2, Google Glass Enterprise Edition 2 и Magic Leap One се дел од најинтересните очила за проширена реалност, но и тука се чини дека сè е во фаза на демо тестирање.

Производителите имаат неколку интересни примери во кои очилата се користат за деловни клиенти, во магацини, болници, полиција, пожарна, но засега не може да се каже дека некоја од компаниите го освоила пазарот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Тони
Тони
1 year ago

“Виртуелната реалност е поделена помеѓу HTC Valve, Oculus и PlayStation VR, но ниту една компанија нема преголем дел од пазарот.”
Не баш…
https://www.counterpointresearch.com/global-xr-ar-vr-headsets-market-share/

Дејан
Дејан
1 year ago
Reply to  Тони

Фала на корекцијата Тони. Ненамерна грешка е гледав постара статистика, не успеав да најдам понова со фокус исклучиво на VR сетови.

Убав ден