0 коментари 1 мин. читање

Клај Шарки зборува зошто иднината на владите ќе биде со отворен код

Авторот Клај Шарки на својот настап на TEDGlobal 2012 зборуваше за движењето на отворениот код и како тој се има пробивано низ неколку сфери, а со новите технологии би ни се овозможило да учествуваме како дел од централната власт, така што граѓаните и владата ќе соработуваат заедно за подобрување на законите и политиката.

Тој со својот говор ни претстави чиста слика за како работи системот за контролирање на верзии, во примерот Git, и зошто таквите отворени системи се одлични и за луѓето и за владите. Погледнете како тој мисли дека сите преку интернетот можеме да се вклучиме во подобрување на законите, демократијата и политикта во државата.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top