0 коментари 1 мин. читање

Аpple продаде три милиони iPаd-и за три дена

Само три дена од објавувањето Аpple успеа да продаде три милион iPad Mini и iPаd 4 уреди, што е двојно повеќе од 1,5 милиони продадени iPad 3 во првиот викенд во март. Но, иако Apple ги спореди постарите модели со новите, сепак интересно, не сакаше да открие колку од трите милиони продадени уреди се iPad Mini, односно iPad 4 таблет компјутери.

Се очекува поголемиот дел од трите милиони продадени уреди да се iPad Mini таблет компјутери. Apple го претстави iPad Mini за да конкурира на пазарот на помали и поефтините таблет компјутери предводен од Googe Nexus 7, Amazon Kindle и други. Но, иако најскап меѓу нив, со цена од 350 долари, iPad Mini се чини дека привлекува огромен интерес од корисниците.

Според директорот Тим Кук, Apple скоро ги распродаде сите уреди, па ќе мора да работат повеќе за да обезбедат нови залихи на се „поголемата пребарувачка“.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top