2 коментари 2 мин. читање 30 мај, 2013

Apple претстави iPod Тouch од 16 GB без задна камера

Apple презентираше нов 16 GB модел за најновата, петта генерација на iPod уреди. Иако петтата генерација на iPod беше претставена во септември минатата година, сепак беше достапна само со 32 и 64 GB простор. Моделот со 16 GB кој се продаваше беше од претходната, четвртата генерација.

Новиот модел доаѓа со 4-инчен ретина екран, двојадрен A5 процесор, HD камера и потенко 6.1mm куќиште како и останатите уреди од петтата генерација. Tоа што е поразлично од 32 и 64 GB моделите е што нема задна камера и можност за различни бои на маската. Цената на уредот е 230 долари или околу 11.000 денари но ако се купи од сајтот на Apple. За споредба 32 GB верзија на iPod Touch oд Apple.com чини 300 долари, а истата се продава и во Duna компјутери, и чини 22.700 денари. На Amazon цената на 64 GB верзија на iPod може да се најде за 365 долари, што е околу 17.500 денари.

Со излегувањето на петтата генерација на 16GB iPod touch, Apple сега веќе целосно ја повлече од продажба претходната, четврта генерација на iPod.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ludvig
Ludvig
13 years ago

kaj vidovte deka nema predna kamera ???

Виктор Дано
13 years ago
Reply to  Ludvig

Упс, се мисли на задна камера. Tnx за коментарот. Поправено е. :)

Мени
Заедница
Изглед
To top