0 коментари 2 мин. читање 30 мај, 2013

HTML5 со своите стандарди може да ја задуши иновацијата

Иновацијата може да биде задушена од планови за да се воведат дигитални клучеви на мултимедијалната содржина во јадрото на веб технологиите, предупредуваат од Electronic Frontier Foundation (EFF). Клучевите ќе овозможат заклучување на сликите и видеата, а со тоа ќе се оневозможи и нивното споделување, велат од EFF.

EFF кои се во борба со компаниите и DRM (Digital Rights Management) вендорите, EFF својот фокус го има на предложениот Encrypted Media Extensions (EME) документ. Според нив, овој предлог ги нарушува сите аспекти на HTML стандардизацијата и претставува црна кутија за мултимедијалната индустрија, така што крајните корисници ќе ги контролираат преку прелистувачот.

Историјата на технологијата досега покажала дека било кои вакви стандарди не допринеле ништо за заштита на мултимедијалната содржина, туку само предизвикала проблеми и претставува проблем за иновациите и слободатана говорот. Прифаќањето нa EME може да го промени отворениот и слободниот веб простор.

Првиот предлог нацрт за EME беше објавен на почетокот на овој месец, а нешто подоцна 27 организации за заштита на правата, како и другите лица вклучени во кампањата испратија писмо до W3C со кое сакаат да го искажат својот револт и да го отажат донесувањето на овие екстензии.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top