На настанот кој се одржа вчера, а беше најавен минатата недела со порака дека Apple има уште нешто да ни претстави, Тим Кук објави дека бројката на продадени iPad уреди стигнала до 100 милиони и дека iPad е задолжен за 91% од прометот на компјутерскита таблети.
На овој настан беше прикажан долго очекуваниот iPad mini кој има екран со големина 7,9 инчи, резолуцијата е иста како и кај големиот iPad, односно 1024 х 768. Дебелината е 7,2 mm и тежи 53 посто помалку од претходниот iPad.
iPad mini работи на Dual Core A5 чип, има FaceTime HD предна камера и 5MP iSlight камера на задниот дел. Исто така, тука е и ултрабрзата безжична мрежа, Lightning порта за уредот да биде компатабилен со сите нови додатоци, батерија која може да издржи до 10 часа и сето ова го прави iPad mini подобар од iPad 2.
[youtube]qL0UlqpfuQc[/youtube]
Цената на iPad mini 16GB + WiFi изнесува 329 долари, додека моделот со 3G чини 459 долари.
Apple направИ и споредба помеѓу нивниот iPad mini и Google Nexus 7. Според нивната анализа, Android таблетот е потежок, направен е од пластика и има помал екран, iPad mini има една третина повеќе прстор за читање во споредба со Nexus 7, а со самото тоа прикажува и 50 посто повеќе содржина на екранот. Покрај тоа, апликациите на iPad mini се скалирани во зависност од големината на екранот, што не е случај кај Android компјутерскиот таблет на Google.
На настанот беше претставен и новиот iPad 4 со Retina дисплеј, подобрувањ графика, нов A6X чип, LTE, Lightning порта и двојно побрза Wi-Fi конекција. Цените се движат од 500 до 800 долари зависно од верзијата.