Apple планира да произведе 25 милиони iPhone 5 до крајот на 2011-та

Новиот iPhone 5 ќе биде потенок и полесен со 8-мегапиксели камера, велат луѓе за Wall Street Journal кои се запознаени со нарачките на делови на Apple. Apple не ги составува и прави своите производи, туку соработува со различни компании, пред се компании од Тајван и Кина.

Според тие извори, Apple планира да направи 25 милиони уреди од следната генерација на iPhone кој ќе биде претставен при крај на 2011-та.

„Проценката на Apple за продажбата на новиoт iPhone е доста агресивна. Ни рекоа да се подготвиме да и помогнеме на компанијата да ја достигне целта од 25 милиони уреди до крај на годината. Првичната продукциска бројка ќе биде неколку милиони единици… ни рекоа да ги испратиме компонентите до составувачот Hon Hai до август.“, велат изворите на WSJ. Hon Hoi е тајванска компанија за електроника, една од најголемите во светот и составувач на Apple уреди.

Аpple продаде 18.6 милиони iPhone уреди во вториот квартал кој заврши во март 26-ти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments