Ubuntu Phone OS и неговиот изворен код ќе бидат објавени во февруари

во Мобилни, Софтвер

Во текот на минатата недела од Canonical ја објавија мобилната верзија на Ubuntu, а нешто подоцна истиот беше инсталиран на Galaxy Nexus и беа објавени системските побарувања.

Инсталационата слика за Ubuntu за Galaxy Nexus и изворниот код ќе биде објавен при крајот на февруари, вели Алан Поуп од Canonical, кој беше попрецизен за разлика од Марк Шатлворт кој најави дека за неколку недели ќе биде достапен за преземање.

Според информациите кои ги сподели Алан Поуп и дека тоа ќе биде при крајот на февруари, најверојатно изворниот код и објавувањето на Ubuntu Phone сликата за Galaxy Nexus ќе биде објавена за време на Mobile World Congress 2013, кој ќе се одржи од 25 – 28ми февруари.

Исто така, до тогаш треба целосно да се заврши развојот на овој оперативен систем, бидејќи сè уште не се сите функционалности завршени. Доколку се одлучите за развој на Ubuntu Phone апликации, прочитајте што ќе ви биде потребно и припремете се навремено.

[youtube]cpWHJDLsqTU[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments