Apple најави револуција во училиштата со iBooks Author

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Новите iBooks апликација за читање, и iBook Author апликацијата за креирање електронски книги, имаат потенцијал комплетно да го сменат образованието. Според тоа што беше прикажано на „едукативниот настан“ на Apple во четвртокoт, двете iBooks апликации ќе треба да бидат двигателот на револуцијата на користење на е-учебници во училиштата.

Клучот во оваа нова идеја на Apple лежи во новата и бесплатна iBooks Author апликација, достапна преку Mac App Store, која им овозможува на професорите, авторите и издавачите да креираат интерактивни книги за iPad. Е-книгите, или поточно е-учебниците ќе имаат интерактивни анимации, фотографии, 3Д видеа и дијаграми.

Новата и бесплатна iBooks 2 апликација ќе биде достапна за сите iOS уреди, а новините во неа се подобри опции за читање на интерактивните книги.

Првите издавачи кои ќе се обидат да го модернизираат образованието се од САД и Британија. Нивниот предизвик ќе биде да направат соодветни учебници и книги за да може наставата да функционира како што е замислена според наставните програми, при тоа да не ги фаворизираат само тие ученици и училишта кои можат да си дозволат 400-долари-вреден-iPad.

[youtube]KJxZG2Nv4KA[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk