Шпионската NSA ги манипулира и хард-дисковите

Aмериканската Националната агенција за безбедност (NSA) крие шпионски софтвер во хард-дисковите кои се инсталираат на милиони компјутери. Најпогодени се Western Digital, Seagate и Toshiba, но и останатите големи произведувачи, велат безбедностните експерти од Kaspersky Lab. Софтверот кој е инсталиран на хард-дискот е на скриена локација и останува на дискот и покрај форматирањете и реинсталација на оперативниот систем. Фирмверот е отпорен дури и на бришење на дисковите од военото разузнавање, вели Ars Technica. Вака инфицираниот диск овозможува интерконекција со останатиот софтвер од хакерската Equation Group, која соработува со NSA, а по инфицирањето пропустот не e можно да се детектира.

Според податоците од Kaspersky Lab, инфицирани се компјутери во над 30 држави, а најголем број се детектирани во Иран, Русија, Пакистан, Афгнаистан, Кина, Мали, Јемен и Алжир. Цели на прислушување се: влади, воени институции, телекомуникации, банки и енергетски компании, нуклеарни истражувачи, медиуми и исламски активисти. Според поранешен вработен во NSA, информациите на Kaspersky Lab се точни, а NSA сè уште ги цени шпионските програми, јави Reuters.

Најголем дел од производителите велат дека немаат никаква информација за овој злонамерен софтвер на нивните дискови. Сепак Kaspersky вели дека NSA го има изворниот код за контрола на хард-дисковите, а овој софтвер не е јавно достапен. Од безбедносната компанија додават дека софтверот наликува на Stuxnet, кој САД го искористија за напад на нуклеарните центрифуги во Иран.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments