Apple ја подготвува следната генерација на AirPods

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Apple на големо се подготвува за следниот настан. Компанијата работи на нови слушалки кои најверојатно ќе ги видиме веќе наесен. Секако станува збор за AirPods слушалки со кои Apple ги „пензионираше“ жиците.

Следната надградба на AirPods треба да ги направи водоотпорни, јави Bloomberg. Дополнително, слушалките доаѓаат со „noise-cancellation“. Пливањето со слушалките не доаѓа предвид, но ќе бидат подобро заштитени на дожд и од потење. Добра вест е дека би требало да се користат при поголема оддалеченост од телефонот, иако кој знае колку корисна ќе биде оваа функционалност.

Добра вест и за љубителите на гласовните асистенти. Apple работи на можност за активирање на Siri преку слушалките. Дополнително, на новите слушалки би можело да се појават и дополнителни биометриски сензори. Засега станува збор единствено за монитор на срцева работа.

Секако надградбите ќе донесат и нова цена на слушалките. Новата верзија најверојатно ќе биде поскапа од досегашниот модел кој чини 160 долари.

Слушалките во продажба би можеле да се појават најрано во 2019 година. Најверојатно повеќе и поточни податоци ќе имам по есенската конференција на Apple.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk