Врховниот суд на САД одлучи дека за локациските податоци е потребен судски налог

Врховниот суд на САД одлучи дека за користење на локациските податоци од телефоните, на полицијата ќе и биде потребен налог. Со ова ќе се зајакне приватноста на граѓаните, бидејќи оваа одлука ќе биде преседан за иднина.

Врховниот суд решаваше по жалбата на Тимоти Карпетнер кој е осуден благодарение на локациските подароци од телефонот. Точно 12 898 точки го лоцираат г. Каепентер на местото на четири кражби. Овие точки го покажуваат неговото движење во 127 дена, а тој е лоциран на сите 4 локации.

Сепак овие податоци нема да може да се користат во судскиот процес. Врховниот суд одлучи дека  наместо судска наредба, полицијата морала да побара судски налог. Судскиот налог потешко се добива и ѝ дава поголеми овластувања на полицијата, објаснува Motherboard.

„Историјатот на локациите од базните станици претставува поголема опасност за приватноста од GPS следењето. Овие податоци на властите им овозможуваат речиси совршен надзор, и овозможуваат следење назад во времето за да дознаат нечија локација, ограничувањето е само во петгодишна обврска на провајдерите да ги чуваат овие податоци. Властите сметаат дека овие податоци се помалку прецизни од GPS“, вели врховниот судија Џон Робертс.

Одлуката на врховниот суд е победа за приватноста и за граѓаните. Со ова се зајакнуваат и приватноста за следење на движењето, за следењето со кој се среќаваат граѓаните, но и за слободата на говор.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments