Досега Тим Кук, директорот на Apple веќе имаше едно големо откривање на продукт на кое ги покажа своите презентациски способности меѓу публика, навикната на добро познатиот стил на Стив Џобс. Втората негова поголем настап се случи на конференцијата за технологија и интернет на Goldman Sachs. Во својот говор Тим Кук презентираше неколку различни теми од кои позначајните беа објаснување за филозофијата на Apple околу продуктите, сподели коментар околу работните услови во фабриките во Кина и сподели дека сега има 100 милиони iCloud корисници.
Говорот го започна со објаснување за условите на работа во фабриките во Кина, околу кои веќе подолг период постоjat контроверзии и обвинувања дека работниците работат во лоши услови. Тим Кук за време на неговата презентација ја објасни филозофијата на Apple околу работните услови, каде што го нагласи напорот на Apple да одржат компетитивни плати, услови за работа каде што постои почит и нема дискриминација. Toј вети дека Apple ќе поднесува месечни извештаи за што се случува во Кина.
Што се однесува до самата работна култура во Apple, тој вели дека е уникатна, пред се бидејќи покојниот Стив Џобс им поставил динамика да се посветуваат на неколку одлични продукти наместо да се обидуваат да направат многу, и на крај да не излезе добро.
„Треба да одиме на пазари каде може да направиме вистински придонес кон општеството – не само да продадеме продукт.“
Г. Кук исто така го искоментира растот на Apple во пазарите во развој, како пазарите во Азија, Латинска Америка и Источна Европа. Според него, iPhone ја одиграл клучната улога за Apple да биде претставен на луѓе кои не го знаеле брендот. Ако во 2007-ма, пред да се појави iPhone на тие пазари, приходите на Apple од биле вкупно 1,3 милијарди долари. По претставувањето на iPhone тие приходи забележуваат значителен раст. Во 2011-та вкупните приходи од истите тие пазари достигнаа 22 милијарди долари. „Ние сме само на површината“, вели директорот на Apple, .
Во својот говор г. Кук откри дека сега iCloud има 100 милиони корисници, зголемување од 15 милиони за 21 ден, и дека iCloud во иднината ќе игра многу уште поважна улога при меѓусебна интеграција на различни Apple производи. Тој го искоментира и Apple TV велејќи дека тој проект е повеќе како „хоби“ во компанијата бидејќи знаат дека не е голем бизнис во моментов.
Говорот можете и самите да го слушнете тука ако имате Quicktime plugin што можете да го симнете овде.







