Популарниот Reddit имаше уште еден успешен ден на Интернет. Овојпат успеа да го викне основачот на Microsoft, Бил Гејтс, да има „прашање и одговори“ со заедницата, позната по своите иронични коментари. Затоа и не беше чудно што eдно од прашањата беше и малку зајадливи како „Дали навистина, ама мислам навистина користиш Bing?”. Но, г. Гејтс се чини дека беше прилично отворен и веднаш, преку својот огромен монитор на допир, одговори дека Bing е добар продукт, но и дека „малку сум субјективен, но вреди да го тестираш продуктот“.
Г. Гејтс гостуваше на Reddit како дел од добротворната фондација Бил и Мелинда Гејтс, па повеќето прашања и одговори беа насочени кон тоа како да му се помогне на светот, како да се искористат правилно парите и технологијата за хуманитарни цели и како ги одбира донациите на кои да учествува. Фондацијата моментално работи на вакцини против маларија и пнемонија кои се смртоносни во земјите од третиот свет. Но, тој сподели и дел од своето искуство во Microsoft, компанија во која од 2000 година е само дел од бордот на директори.
Eдen од поинтересните коментари на ИТ темата е врзан со WinFS системот кој требаше да се појави во Windows Vista, но на жалење на г. Гејтс тоа никогаш не се случи. Toj одговори искрено и дека ги користел сите продукти на Apple, и дека бил добар пријател и соработник со основачот на Apple, Стив Џобс, чиј лик заедно со Г. Гејтс се појавува во филмот Pirates of the Silicon Valley од 1999-та година. Според г. Гејтс, карактерот кој е базиран на него е „прилично точен“.
Thanks for a great #AMA, @reddit! b-gat.es/U6Lfe1 twitter.com/BillGates/stat…
— Bill Gates (@BillGates) February 11, 2013







