„Скоро е тука“ е напишано на најавата која Apple ја испрати до медиумите. Настанот на кој ќе биде претставен новиот iPhone 5 е закажан за следната среда, на 12 септември во центарот за уметност Јерба Буена во Сан Франциско со почеток во 19.00 часот по македонско време, односно 1 p.m. на источната обала на САД.
Не се знае точно каков ќе биде новиот iPhone, но тоа што се знае е дека ќе има поголем екран, помал пин за адаптерот за полнење на батеријата и iOS 6, мобилниот оперативен систем кој беше претставен во јуни.
На настанот можеби ќе биде најавен и iPad Mini, помала и поевтина верзија на популарнот таблет компјутер.









imate " vo linkot za ipad mini :)