Salamworld е друштвена мрежа базирана во Турција која ги има сите функционалности како и другите популарни мрежи. Може да се коментира, да се споделуваат фотографии и видеа. Но, тоа што ја прави поразлична е што ќе има поинаква содржина која ќе биде под будното око на исламот.
Во светот има над 1,6 милијарда муслимани, 23 отсто од популацијата, кои веруваат во други вредности и се водат под поинакви правила од западниот свет. Токму затоа SalamWorld сака да стане конкурент на Facebook и да креира безбедно место за муслиманите каде нема да бидат таргетирани од реклами кои повикуваат на пороци забранети во исламот како разголени девојки или коцкањето кое е присутно на Facebook преку друштвени игри. Пример, играта Texas Hold’em покер има десетици милиони корисници.
Една од одличните функционалности на Salamworld е што може да преведува постови напишани на различни јазици во реално време. Ова ќе ги отвори вратите на сите корисници да разговараат слободно без грижа од која земја се. Можеби нам, на Facebook корисниците, ова ни звучи како не-толку-корисна-алатка бидејќи англискиот јазик е секундарниот јазик во западниот свет, но Salamworld ја таргетира муслиманската популација која живее од Средниот Исток, Африка, Азија и Индонезија.
Според критичарите, пишува BBC, ваква друштвена мрежа може да се искористи како алатка за цензура од властите и можеда направи проблеми меѓу муслиманите од различни земји. Пример, слика од жена без бурка е прифатлива во Индонезија која е секулардна држава, додека истата слика во Саудиска Арабија би била навредлива. Можно е да се инсталираат филтри за прикажување на содржина според локација, но токму таквите филтри би значело и поголема контрола на тоа што корисниците го гледаат, или со други зборови, цензура.
[youtube]Cv3uqYGcioM[/youtube]







