Nokia го претстави својот прв таблет компјутер кој може да биде најголемата конкуренција на Surface 2. Но, целта на Lumia 2520 кој работи на Windows RT и чини 500 долари, не е да биде конкурент на таблетот компјутер на Microsoft, туку заедно со својот партнер да го пробијат Windows како мобилна платформа.
Дизајнот на 2520 е сличен на дизајн на Lumia линијата на паметни уреди, само што за разлика од телефоните, таблет компјутерот е со поголем 10,1 инчен IPS LCD екран со поддршка за 1080p. Таблетот работи на 2,2 GHz Snapdragon 800 процесори, но тоа што е најинтересно е што има неверојатна 6,7 мегапиксели камера со Zeiss Optics. Можеби ќе биде чудна да фотографите со голем таблет, камерата е од позади на таблет компјутерот, од напред има 2 мегапиксели за видео чет, но Nokia се надева дека корисниците ќе најдат некоја добра примена.
Но, камерите и хардверот се секогаш биле подобрата страна на Nokia уредите. Тоа што е проблем е што Windows RT доби многу критики, и покрај тоа што Nokia ќе спакува и Office пакет со него бесплатно. Според Nokia, изборот на RT е бидејќи оваа верзија на Windows што работи на процесорите на ARM кои се наменети за мобилни телефони, подобро ја одржува батеријата, го буди оперативниот систем побрзо, и таблетот е потенок благодарение на помалиот процесор.
[youtube]HVA4-Adlm7g[/youtube]