Апликација на денот: Викни такси во Скопје

18-ката во серијата „Апликација на денот“ ќе ја заокружиме со една македонска апликација. Ви ја претставуваме апликацијата Викни такси која сигурно ќе ви се најде од корист со оглед на тоа дека имаме голем број на такси компании, некои поскапи, некои поефтини, некои пак со редовен попуст.

Викни такси е апликација која ги содржи скоро сите такси компании во Скопје, а покрај стандардните информации како број за контакт, покрај секоја компанија е прикажан и колку попуст нудат истите. Одлична опција на Викни такси е можноста самите да си пресметате колку ќе ве чини целото патување. Сето ова се прави со едноставно впишување на бројот на километри од вашата дестинација до крајната цел и евентуално доколку такси компанијата има попуст.

Апликацијата нуди и можност за додавање на неколку омилени такси компании и опција за брзо брзо бирање која ѕвони прво на титка, доколку нема – оди на мобилен, па на фиксен телефон како последна опција. Дополнително, овозможен е и пристап до Google Maps со цел полесно дефинирање на адресата и пресметување на оддалеченоста со опцијата за таксиметар.

Викни такси работи на Android 2.2+ и можете слободно да ја преземете од Google Play маркетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
TojSum
TojSum
13 years ago
TojSum1
TojSum1
13 years ago
Reply to  TojSum

Isti k**** drugo pakovanje.. Se e kradeno.. I imash bag na pocetnata.. ;)

види ги сите огласи на kariera.it.mk