0 коментари 2 мин. читање 6 декември, 2012

Дали Тwitter може да го намали криминалот?

Во Порторико Twitter доби една поинаква употреба. Наместо да се користи за поврзување на луѓето, микро-блог платформата експериментално се користи за да го намали криминалот во земјата.

Под мотото „Следи ме, за да не ме следиш“, тројца затвореници, од кои двајца осудени за убиство, ги споделуваат нивните искуства од затворот. Затвореници своите твитови ги споделуваат анонимно под имињата „inmate1“, „inmate2“ и „inmate3“, а сите се сместени во затворот во Гуајама.  Причина за воведување на канал на социјалните мрежи е високата стапка на криминал во земјата, во која минатата година имало 1.117 убиства на 4 милиони жители.


Експериментот започнa успешно и за кратко време собра над 6.000 следбеници. Задолжениот за проектот, Хесус Гонзалес Круз, изјави дека тројцата затвореници имаат секојдневен, но надгледуван пристап на Twitter.

„Малкумина сонуваат да бидат криминалци, но стануваат поради неуспех. Ако сакате да бидете вистински водач, учете! Во тоа неможе да имате неуспех.“, е една од пораките кои ги споделуваат. Сепак успехот на екпериментот ќе зависи пред се од твитовите кои се лични и од искуствата кои затворениците ги имаат во затворот: „Во мо,емтов татко ми е болен, се би дал да бидам со него, но неможам. Ти можеш но не одиш“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top