Конечно! Македонскиот интернет домен ќе се либерализира

Македонскиот пазар на .мк и .com.мк домени ќе се либерализира, што значи дека правни лица и компании ќе можат да се пријават како регистранти на .мк домените кои до сега ги издаваше Македонската академско истражувачка мрежа, МАРНет. Либерализацијата се случи една година од кога беше првично најавена. Во меѓувреме следуваше укинување на правилникот на МАРНет, и реорганизација на регистарот.

Според ИТ министерот Иво Ивановски либерализацијата ќе овозможи компанииите онлајн да продаваат домени, односно „секој ќе може да регистрира домејн од било кој компјутер, од било кој пристап до интернет“.

„Наш интерес е што повеќе регистрирани веб страници да бидат на .мк. затоа што овој индикатор се мери во голем број индекси, меѓу кои глобалниот индекс за иновации во ООН и ЕУ. Очекуваме дека со либерализација на овој сегмент на пазарот ќе можеме да покажеме уште еднаш дека имаме развиено информатичко општество и ова ќе биде првиот чекор на новини кои што ќе доаѓаат од МАРНЕТ.“, вели ИТ министерот Ивановски.

Новите регистрари ќе бидат регистрирани во наредните недели, по што ќе следи и официјална листа и соопштение за корисниците.

Дали ќе се покачи цената на домените?

Кога го правевме интервјуто со директорот на МАРНет, Сашо Димитријоски, беше најавено дека цената ќе остане иста, но сепак ќе зависи од другите регистрари. Цитатот беше „сепак е бизнис“, што значи и дека ќе сакаат да заработат, но со повеќе на пазарот ќе има и поголема конкуренција. Целото интервју може да го прочитате тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
9 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
гггггг
гггггг
12 years ago

ИТ, ќе можете да ги "замарате" малку МАРНЕТ со прашање до кај е работава? Месец дена помина и ништо од "бизнисов". Ваљда текстов не е гола пропаганда.

Lazo
Lazo
12 years ago

МАРНет се смешка, а министерот е манекен. Со години ни продаваат исти ИТ приказни, но никако да тргне работата. #тапа

Далибор
Далибор
12 years ago

Две години откако е најавено , две не една ,проверете си ја информацијата ,а најлесно ќе ви биде да си ја проверите веста .

Иначе поздрав за ваквата одлука ,конечно да може и македонскиот граѓанин да регистрира многу брзо домен и без толку голема бирократија.

skullmonkey
skullmonkey
12 years ago

Сајтов да го оправеа малце… семкара е грев да има ваков сајт.

Претприемач
Претприемач
12 years ago

Што ќе се случува со стари домени кои се сопственост на одамна пропаднати фирми? Во периодот 1996-2003 многу фирми регистрираа домени исклучиво за препродажба, а сега лежат блокирани и неупотребливи! Треба веќе еднаш МАРНЕТ да почне да одзема домени поради неплаќање!!!

Гостинг
Гостинг
12 years ago

А зошто мислиш дека не плаќаат за истите ?! Можеби плаќаат. Не ги оправдувам само немора да значи дека некој не ги користи и плаќа за нив.

Претприемач
Претприемач
12 years ago
Reply to  Гостинг

Знам конкретни примери, биди сигурен дека е така како што опишав. И знам дека Марнет не правеа ништо по таа основа со години ("присилна" наплата и затворање на неплатени домени).

Дури кога ќе размислам, и јас сум сопственик на еден таков домен од 1997 кој сеуште не е избришан од регистарот, а таа фирма на чие име е регистрирано одамна е затворена.

@goranmitev
12 years ago

Добро е како новинар да дадеш и свој критички став за ова, а не само да ја пренесеш веста.

Павлака
Павлака
12 years ago

Дали ова исто така значи дека ќе може да се регистираат домени од дома, ќе нема потреба од пополнување на формулари и сл.?