Сигурно во вашиот телефон има пораки кои не сакате да ги изгубете, без разлика дали се работи за промена на телефонот или несакајќи ги имате избришано сите податоци. Благодарение на апликацијата SMS Backup+ лесно можете да направите бекап на сите ваши SMS пораки и лог со повици на вашата Gmail сметка.
За да можете да ја користете SMS Backup+, потребно ви е само да имате Gmail профил, кој би требало да го имаат сите Android корисници и секако, да ја иамте инсталирано апликацијата. Дополнително потребно е уште едно поставувањево вашиот Gmail профил, а тоа е да овозможете IMAP пристап. Откако ќе го сторете тоа, потребно е да ја поврзете апликацијата со вашата Gmail сметка, да и дадете дозвола да запишува и тоа е сe. Со SMS Backup+ можете да направете бекап во било кое време или пак да ја вклучете опцијата за автоматски бекап на одреден период. Апликацијата е бесплатна и можете да ја преземете од Google Play.
[youtube]MPVjiGEaFX4[/youtube]







