Нашиот најдобар телефон стана уште подобар. Вака HTC го претстави новиот One X+ кој доаѓа со 1,7 GHz Tegra процосор со четири јадра кој, според тајванската компанија, ќе понуди „67 отсто побрзо работење“.
Иако нема разлика во надворешниот дизајан, освен црвените копчиња, во внатрешноста новиот 4,7 инчен телефон е едно големо подобрување од HTC One X. Има 64 GB простор, Gorilla Glass LCD2 екран со 720p HD резолуција, 50 отсто повеќе батерија со до 6 часа разговор, Android 4.1 Јelly Bean со Sense 4+ интерфејс, има 8 мегапиксели камера со поддршка за 1080p HD видео и опција за сликање на 6 мегапиксели фотографија додека се снима видео во исто време.
HTC One X+ ќе започне да се продава во Европа од октомври. Цената на уредот сè уште не е откриена.
