Апликација на денот: Новиот Chrome за Android доаѓа со интегриран Google Translate

во Совети

Откако ја надогради десктоп верзијата на Chrome, Google ја објави и новата (28-ма) верзија на Chrome за Аndroid која сега има интегриран Google Translate и поддршка за читање на веб сајтови на цел екран за таблет компјутерите.

Google Translate на Android верзијата работи исто како на десктоп верзијата, односно откако ќе наместите прв јазик, Translate ќе ви понуди да ги преведе сите страни од било кој јазик за кој Google има преводи. Но, како и кај десктоп верзиите, опцијата која е неверојатно корисна, може да биде и многу досадна. Ако сте подесиле примарниот јазик да ви е македонски, тогаш преводите ќе се појавуваат на поголем број од сајтовите кои ги посетувате и кои се на англиски. Решението секако е да го наместите англискиот јазик како примарен, и кога ќе сакате да преведете нешто на македонски, албански или некој друг јазик, да кликнете на копчето за преводи и да ја преведете таа содржина што не ја разбирате.

Новата верзија овозможува и читање на цел екран на таблет компјутерите, односно горниот тулбар ќе го снема за да имате повеќе простор за текстот и содржината. Оваа опција е достапна за паметните телефони со претходната 27-ма верзија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments