0 коментари 2 мин. читање 11 јули, 2013

3Д принтање со течни метали ќе не одведе во ерата на еластична електроника

Нова техника на 3Д принтање, развиена во Универзитетот на Нова Каролина, ќе овозможи испританите стврднати копии да станат флексибилни. Како материјал се користи течна легура на галиум и индиум, чија површина по изложувањето на воздух се стврднува, но центарот останува течен. Најголемото достигнување за технологијата ќе биде доколку успее да се изнајде начин за принтање на жица заобиколена во течен метал која ќе успее да ја револуционира и електрониката. Принтањето на 3Д флексибилни електронски компоненти ќе отвори нова индустрија за 3Д принт технологијата, пишува The Verge. За истражувачите оваа нова технологија ќе придонесе кон развивање на еластична електроника.

„Фактот што се течни значи дека може да го поставите во друг материјал со што ќе креирате метална структура која може да се превиткува. Ова ќе биде корисно за креирање на еластична електроника.“, вели истражувачот од Универзитото на Нова Каролина, Мајкл Дики, во интервју за New Scientist.

Засега со течен материјал е работено единствено со игла и шприц, но истражувачите велат дека замената на шприцот со главата на принтерот е еднооставно. Сепак оваа погодност доаѓа со висока цена. Металот за принтање чини 100 пати поеќе од пластиката која се користи во моментов.

[youtube]ql3pXn8-sHA[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top