Новата платформа на Dropbox сега ќе синхронизира и апликации со облакот

во Веб

На својата прва конференција за програмери, веб складиштето кое има над 175 милиони ја претстави Dropbox платформата со која ќе се обиде да го премести корисничкиот хард-диск во облакот. Се работи за нови алатки кои ќе го олеснат синхронизирањето на фајловите и податоци од разни извори за да можат да се користат од било каде и преку било кој уред. На конференцијата, основачот на сервисот, Дру Хјустон, објасни дека Dropbox ќе ги искористи сите 100.000 програмери кои се пријавени на платформата за да го олесни користењето на апликациите и да го претвори Dropbox во „спиритуален наследник на хард-дискот“.

Платформата на Dropbox има три клучни делови кои се важни за развивачитe. Првиот е Sync API, претставен во февруари, кое го поeдноставува синхронизирањето на фајлови од вашиот компјутер со складиштето во облакот; втората алатка е Datastore API достапен за iOS, Android и Javascript со која можат да се закачуваат разни податоци во облакот; и таканаречените Drop-Ins плагини кои можат да се поврзат со сајтот на програмерот. Има два вакви плагини во моментов, Chooser кoj дава пристап до фајловите складирани во Dropbox и Saver кој префрлува фајлови во Dropbox. Штом ќе бидат интегрирани плагините, корисниците ќе можат преку разни апликации да префрлуваат фајлови, контакти, листи или податоци директно во своето складиште во облакот. Пример, ако играте Angry Birds на Android, ќе може да ја синхронизирате метадатата со Dropbox, и да продолжите подоцна од каде сте застанале на iPad.

Datastore API ќе има и офлајн поддршка за да може да одберете податоци и фајлови кои подоцна ќе бидат автоматски закачени во облакот штом ќе се поврзете на интернет. Dropbox вели дека API-то ќе може да се справи и со конфликти, односно да се справи со фајлови и податоци кои се сменети на две места во исто време.

Зедно со платформата, Dropbox претстави и нова верзија на Mailbox апликацијата (која ја купи неодамна) која е единствениот имејл клиент на iOS преку кој може да се закачуваат фајлови во пораките, не само фотографии.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments