Апликација на денот: Нова македонска игра UUUU импресионира со дизајнот и симболичниот гејмплеј

UUUU e новa македонска апликација за iOS со импресивен дизајн. Направена од Дамјан Цветков-Димитров и Нина Георгиева (ако ви се познати имињата, тие се поранешни автори на It.com.mk), играта е всушност сложувалка во која треба да ги запрете боите да ви го обојат екранот. Целта ви е да ја имате белата површина што е можно повеќе со користење на супер-моќите и нивна комбинација. Со секое достигнување во играта се отклучуваа нови супер моќи кои се означени со симболи со цел играта да биде достапни на сите јазици.

„Имавме идеја играта воопшто да нема текст, да е пристапна за сите, од сите јазични подрачја, и дури за луѓе што не знаат да читаат. Затоа изборот на кои симболи како ќе ги дизајнираме беше многу важен“, вели Дамјан.


UUUU е прекрасна визуелна игра за која ќе ви треба трпение и компромис на моќите за да ја одиграте најдобро. Тоа исто важи и за бракот. Како тим од маж и жена, Дамјан објаснува дека со Нина ја креирале играта со тоа што секој се држел до својата специјализација. Тој го создава концептуалниот дел, а Нина работи на дизајнот; звукот го работат и двајцата. Единствен проблем им било готвењето без кое „играта ќе беше готова 15,3 отсто побрзо :)“.

„Играта е направена за сите возрасти, раси, јазични групи и видови. Пробавме да имаме најширока целна група што е возможно. Но играта за жал е забранета за монохроматични животни како панди, зебри и пингвини. Но работиме во иднина да ја овозможиме и за нив, и да може да се игра на iPad, Аndroid и постари верзии на iPhone”, вели Дамјан.

Играта е направена во Construct 2, но преку Ludei платформата, која дозволува префрлање на енџинот на iOS со поддршка на WebGL. Префрлувањето е бесплатно, но апликациите ќе мора да го вклучат логото на почетниот екран.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Нина Георгиева. Можеби парот ви е познат по нивната претходна игра UUUU која беше една од најкреативните мобилни игри што сум […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk