3Д принтерите сега можат да принтаат и метални предмети

0 коментари 1 мин. читање

Без сомневање иднината е во 3Д принтањето; органи, храна и уште куп други предмети од часовници до автомобили. Но иднината на принтерот нема смисол без можност за принтање на метални предмети. Група научници од Техничкиот универзитет Мичиген под водство на Џошуа Пирс разви 3Д принтер кој може да печати со метал, јавува Fast Company.

Принципот на работа е нешто поразличен од традиционалните 3Д принтери и финкционира со спојување на тенки челични лимови, креирајќи геометриска форма која ја изработел корисникот.

„Не знам дали сме доволно созреани за ваков уред, но мислам дека отворениот пристап ќе овозможи да бидеме блиску до општество налик на Star Trek во кое репликатори ќе можат да креираат голем број на предмети кога ќе бидат потребни, што ќе резултира во богатство за сите и ќе направи револуција на економијата од која придобивка ќе имаат многумина.“, вели г. Пирс за iTechpost.

Засега принтерот е далеку од совршен функционален уред, но шемите се достапни за секого и секој може да придонесе кон развојот на уредот. Принтерот има своја DIY верзија за која сепак заинтересираните ќе треба да потрошат 1.500 долари, но за сите потребни елементи за негово склопување. Индустриските принтери кои работат со метал чинат речиси половина милион долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top