Google ги објави спецификациите на Google Glass наочарите

во Хардвер

Google го oбјави Glass API, и со него ги објави и техничките спецификации на наочарите со проширена реалност. Google Glass ќе има 5 мегапиксели камера со 720p видео. Има 16 GB простор, од кои 12 GB ќе можат да се користат за складирање на фотографии, видеа и апликации; аудиото ќе се пренесува преку черепот и ќе имаат поддршка за 802.11 B/G WiFi. Според Google, дисплејот ќе биде сличен на 25-инчен HD екран гледан од одалеченост од 2 метри. Фотографиите ќе се со 640x260px резолуција. Батеријата ќе држи еден цел ден со „нормално користење“. Што е нормално користење е малку нејасно бидејќи Google вели дека видеото и Google+ Hangout ќе ја потрошат батеријата обрзо. Ќе имаат и micro USB кабел и полнач, и ќе бидат компатибилни со било кој телефон кој има Bluetooth.

На прв поглед овие спецификации не вредат 1.500 долари колку чинат првите модели на Google Glass. Но, се работи за комплетно нов уред кој има неверојатен потенцијал. Првите модели, чија испорака започна, ќе ги добијат развивачите на апликации и компаниите кои ќе креираат апликации за уредот. Голем дел од успехот на Google Glass зависи од тие апликации/ Kоја е поентата да носите чудни наочари само за да сликате или снимате видео?

Google го објави и своeтo Glass Mirror API за креирање на апликации, како и водич за како се користат Glass од корисниците, и условите за користење. АPI-то користи картички кои можат да вклучат текст, HTML, слики и видео. Но, за да го користите API-то ќе треба да имате и Google Glass наочари.

[youtube]2d7XxIirOtk[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Гундоган
Гундоган
13 years ago

ОЧИЛА се вика на македонски.
НАОЧАРИ е чист србизам и треба да се корегира оти срамота е веќе толку да не си го знаете јазикот.

види ги сите огласи на kariera.it.mk