Facebook ги префрли сите корисници на побезбедниот HTTPS

Вo иднина сите корисници нa најголемата друштвена мрежа ќе бидат поврзани преку побезбеден https протокол. Ова ќе биде случај за веб страната и во најголем дел за мобилната верзија на страната, се објаснува на официјалниот блог.

Https ќе користи Transport Layer Security (TLS) што ќе го направи позбеден сообраќајот до серверите на Facebook. Оваа комуникација е во тест период веќе две години, а инженерите на друштвената мрежа конечно се задоволни од перформансите на конекцијата. Целта е да се исклучи можноста за „man in the middle“ напади и прислушување на сообраќајот, а со тоа да се намали опасноста за компромитирање на профилите на корисниците.

Android и iOS апликациите веќе ја имаат безбедната конекција, а засега само мобилната верзија – m.facebook.com – заостанува.

„Отсега https е вклучен за сите корисници на Facebook,. Оваа опција која ја воведовме пред две години, значи дека вашиот прелистувач ќе комуницира со Facebook преку безбедна мрежа, https наместо http. Овој сообраќај користи Transport Layer Security TLS, кој порано беше познат како Secure Socket Layer SSL и прави комуникацијата помеѓу прелистувачот и серверот да биде посигурна.“, стои во известувањето од Facebook.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments