Апликација на денот: Disqus нуди менаџирање на коментарите преку Windows Phone

во Совети

На блогерите сигурно им е познатата Disqus платформата која е една од популарните системи за коментирање на блогови. Disqus на администраторите им нуди платформа преку која може да ги контролираат сите активности, додека корисниците преку една корисничка сметка може да коментираат на повеќе блогови.

Помалку и неочекувано, Disqus својата апликација ја објави само за Windows Phone. Директно преку неа ќе можете да добивате известувања во реално време, да ја менаџирате содржината и сите останати можности кои се достапни во работната табла на веб.

Откако ќе ја инсталирате апликацијата, ќе ве пречека видео со инструкции кое можете слободно да го прескокнете. Апликацијата, како што веќе спомнавме, ги содржи сите можности кои се достапни преку веб сервисот, а преку менито за поставување ќе можете да го уредувате вашиот профил, како и да ги поставите подесувањата за известувањата и бројот на коментари што сакате да ви се појавува на еден екран.

Исто така, доколку на повеќе од еден блог или сајт го користите Disqus, преку апликацијата лесно можете да се префрлате од еден на друг сајт и да ги модерирате тамошните коментари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments