Апликација на денот: AppHero е персонализиран предложувач на апликации за iPhone

AppHero е персонализиран предложувач на апликации кој според вашите интереси ќе ви понуди листа на апликации кои можеби би ви биле од корист. За да може апликацијата да ги состави предлозите, на првото стартување на апликацијата ќе треба да се логирате со вашиот Facebook или Twitter профил.

Користејќи ги податоците, лајковите и слично, AppHero ќе ви понуди идеално решение за секоја од категориите кои корисникот ќе ги избере при стартувањето на апликацијата.

Покрај тоа, апликацијата има и свој социјален аспект. Имено, апликацијата има опција да ги поканите вашите пријатели и така да ги подобрите препораките. Доколку корисникот сака да ја преземе или плати саканата апликација, ќе биде пренасочен на iTunes.

Со оглед на тоа дека постои огромен број на апликации за iPhone, AppHero е добро решение да ја пронајдете апликацијата што ви е потребна. Доколку не ви се допаѓа некоја апликација, можете да гласате со минус.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments