0 коментари 1 мин. читање

Windows Phone се продава подобро од iPhone, вели Microsoft, но само во седум земји

Додека Windows Phone има проблеми со продажбата во етаблираните економии, пазарите во развој подобро одговараат на поефтините модели на Lumia 6xx од прескапите iPhone-и. Затоа и не е изненадување што во некои земји Windows телефоните се продаваат подобро од iPhone. Според Microsoft, нивната платформа е попопуларна од уредите на Apple во Аргентина, Индија, Русија, Јужна Африка, Украина, Полска, Хрватска и повеќе помали држави во централна и источна Европа. Сепак голема е веројатноста дека тоа се пазари со кои владее Android.

Покрај ова, седумте споменати пазари отсекогаш биле бастиони на Nokia и финската компанија добро поминувала на нив, потсетува New York Times повикувајќи се на податоци на аналитичарите IDC. На три од овие пазари Microsoft и Nokia испорачале помалку од 100.000 телефони во последниот квартал на 2012 godina, но на останатите четири продажбата е над оваа бројка. Државите во кои продажбата на Windows Phone e над 100.000 се Аргентина, Индија, Русија и Полска.

За Microsoft и Nokia придобивањето на симпатизери во неколку пазари кои ќе бидат клучни во иднина, е чекор во вистинска насока. Иако тешко е веројатно дека Windows Phone ќе доживее да биде статусен симбол, нешто што Apple успеа да го наметне за iPhone, пред се во Северна Америка и во поголем дел од развиените европски држави.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top