Апликација на денот: AppDJ ќе ви препорача апликации според вашите интереси

во Совети

Потребна ви е некоја апликација за одредена задача, но не знаете дали постои воопшто таква, а пребарувањето на Google може да ве одведе на чудни места кои само ќе ви го одземат времето? Затоа постои AppDJ, апликација која може да ви открие апликации од 5 категории според вашите интереси – Popularity, Trending, Entertainment, Productivity и Lifestyle.

Апликацијата е фино уредена и во горниот дел од екранот е прикажан граф со сите 5 категории и присуството на апликации во секоја од нив. Можеби AppDJ не е најпрегледна за некоја специфична категорија, бидејќи ги има многу, а овде се понудени само 5, ќе треба малку повеќе да разгледате за да дојдете до тоа што го барате. На пример, безбедносните алатки се сместени во категоријата за продуктивност, мултимедијалните алатки се сместени во забава, а алатките за персонализација се во живот и стил.

Исто така, лесно можете да ја поставите апликацијата да ви дава информации само за одредени категории или која категорија да и биде приоритет. Така на пример, можете да изберете да добивате препораки за сите популарни апликации од категоријата „Забава“, а спаѓаат и во „Живот и стил“, или пак едноставно сакате да добивате апликации само од „Продуктивност“.

Доколку сакате да ги следите само популарните апликации од одредена категорија, зголемето ја лентата на популарни до максимум, тие што се „тренди“ до минимум, а останатите три ленти поставете ги на исто ниво. Откако ќе ја направите измената на лентите, апликацијата автоматски ќе ја ажурира својата листа на препораки.

Единствена негативни критика за апликацијата е тоа што нема можност да се избере да се дистрибуираат само бесплатни или платени апликации, а дали една апликација е бесплатна не пишува ниту покрај нејзиното име. Па, корисникот мора да кликне на апликацијата и да ги види сите останати спецификации како цена, сллики и опис за истата.

AppDJ е бесплатно достапна во Google Play маркетот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments