Android 4.2 со центар за персонализација и многу други новитети?

Google веќе ја подготвува последната верзија на Android оперативниот систем. Со Android 4.2, Google ќе направи огромен чекор напред во однос со последниот Jelly Bean, а планираат и повеќе верзии на Nexus. Барем така велат гласините на Интернетот.

Една од интересните работи кои се споменува е персонализацијата која од секогаш била гордоста на Android корисниците и тоа е тоа во што Android е многу подобар оперативен систем од iOS. Имено, Google има развиено центар за персонализација за корисниците на Android, како и hub за работите како што се позадините, музиката, шаблоните и многу лесно може да го променат изгледот на својот уред. Исто така, наводно дел од просторот ќе се користи и како место на кое произведувачите ќе може да понудат свој кориснички интерфејс.

Google Now е одличен, но баш и не е од помош кога се работи за управување со системските функции. Затоа се очекува Google да претстави подобрен Google Now сервис кој на корисниците ќе им овозможи подобра контрола на својот уред. Во Android 4.2 овој сервис ќе може да се користи за менување на музиката на ѕвонење, поставување на гласот, светлината на екранот и вклучување/исклучување на одредени функции.

Според гласините, во Android 4.2 ќе се претстави и проектот Roadrunner, кој за разлика од проектот Butter кој го претставија нa Google I/O 2012 и се фокусираше на забрзување на корисничкиот интерфејс, Roadrunner своите ресурси ќе насочи кон подобрување на животот на батеријата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Трајанчо
Трајанчо
13 years ago

Да, рака на срце, треба на батеријата да ѝ се подобри животот.

види ги сите огласи на kariera.it.mk