Македонската Android апликација од Јован Јовановски, Распоред ја доживеа својата 2.0 надградба, токму во вистинско време за почетокот на учебната година. Апликацијата како што кажува и насловот овозможува водење на евиденција за распоредот на часовите, но и нешто повеќе од ова. Со Распоред 2.0, која пред се е наменета за средношколци, учениците ќе можат и да пишуваат белешки и потсетници за предметите за определена дата.
Доколку некои од предметите не се внесени во распоредот, корисниците можат да внесат и нови предмети. Часовите можат да се внесат со промена на термин, а апликацијата овозможува и промена на смената, должињата на предавањата и должината на одморите. Покрај ова корисниците можат да водат евиденција за оцените, да го одбележат часот/предметот кој трае во моментот.

gluposti