0 коментари 1 мин. читање

Coolest Cooler е кралот на Kickstarter со рекордни 12 милиони долари

Coolest Cooler e можеби најкул ладилник што сте го виделе. Измислен од Рајан Грипер, кој за себеси вели дека е визионер, Coolest Cooler е ладилник наменет за журки и забави со додатоци како USB полнач, Bluetooth звучници и блендер. Тоа што е неверојатно во приказната за ладилникот не е колку технологија има спакувано во него, туку што стана рекордер на краудфандинг Kickstarter со собрани 12,2 милиони долари, надминувајќи ги претходниот рекордер – паметниот часовник с кој собра 10,2 милијарди долари во 2012-та година.

[youtube]l4irb2K1p8E[/youtube]

Г. Грипер бараше само 50.000 долари за својот „ладилник на 21-от век“, но успеа да собер 12,2 милиони долари од 57.847 поддржувачи за само два месеци. Кампањата има уште 10 часа до крај, и додека ја пишувам оваа реченица, проектот доби нови дваесет поддржувачи. Интересно, рекордот не беше срушен од прв пат. Ова е втора Kickstarter кампања на г. Грипер и неговиот кул ладилник. Првиот обид беше краток за 20.000 долари, вели Mashable.

„Ако не беше поддржан ќе си уживав во мојот продукт во сите наредни години, и ќе работев на некој друг концепт“, вели иноваторот Грипер кој сега ќе мора да ги исполни желбите на сите поддржувачи и да го подготви ладилникот за продажба.

[youtube]KpPHmQ1ly6M[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top