0 коментари 2 мин. читање 19 февруари, 2015

Апликација на денот: Најди го „Натрапникот“?

Interloper е интерсна македонска iOS видеоигра изработена од Кирил Кироски. Како што ви кажува името „Натрапник“, играчот треба во играњето да го пронајде натрапникот, за што е можно покус период. Кирил објаснува дека играта не само што ќе ви го тестира видот и можноста за брзо забележување на разликите, туку ја тестира и концентрацијата. На првите нивоа разликите се големи и бројот на понудени „натрапници“ е мал, но како напредувате бројот на слики кои треба да ги разгледате расте, а и разликите стануваат се потешки за воочување.

Играта е навистина едноставна, но ова секако не значи дека ќе ви помогне со продуктивноста, напротив. Играта може да биде заразна и наместо 5-10 минути да си поиграте неколку часови. Графиката не е спектакуларна, но потполно е во функција на естетиката на играта, што многу често е тешко да се изведе. Доколку имате слободно време Interloper ве предизвикува да ја тестирате својата можност за забележување на разликите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top