Благодарение на својата технологија Tesla Motors стана лидер за електричните возила, и е напат да биде лидер за батериите со поголем капацитет. Минатата недела Илон Маск ги најави батериите за домовите од Tesla, а сега веќе имаме нешто повеќе податоци за новите батерии кои ќе почнат да се произведуваат веќе за 6-7 месеци.
Батериите за домовите се базирани на батериите кои Tesla ги инсталира во Model S. За сега не е јасно дали компанијата ќе понуди поголем капацитет за домовите или работи за нивно поефикасно интегрирање во електричната мрежа. Тоа што го обелоденија е дека работат на компактно пакување кое нема да го наруши изгледот на домот и на околината со самото додавање на батериите, кои би се инсталирале во објекти што се напојуваат со обновливи извори на енергија (сончева енергија или ветер). Едно од решенијата кое можеби ќе биде поатрактивно во иднината се водородни ќелии во кои се складира енергијата во периоди кога производството ја надминува побарувачката на електрична енергија.
Tesla вели дека батериите најверојатно ќе бидат поефтина алтернатива од моменталните решенија. Ова ќе овозможи дел од домовите речиси и да не користат електрична енергија од електричната мрежата.
[youtube]fa8DfliBubo[/youtube]







