ИТ настан: Студентски хакатон за подобро високо образование

Сакаме да направиме апликации од студентите за студентите, вели Андреј Трајчевски од Хаклабот Кика, кои заедно со Младински образовен форум го организираат студентскиот хакатон „Програмирајте за подобро високо образование“. Закажан за 7-ми и 8-ми март, хакатонот ќе биде 48 часовен маратон на кој учесниците ќе изработуваат апликации за подобрување на високото образование. Хакатонот е темпиран во вистински момент кога се случува хаос во високото образование. Ако протестите и студентската автономија се наменети за да се модернизира образованието, тогаш зошто да не почнеме со користење на апликација и технологија тоа да се усоврши?

Можеби ќе биде корисна апликација како „Пријави професор ако доцни на час“, вели Андреј, иако на хакатонот „останува на учесниците да смислат каква апликација им недостига – и да ја направат“. Дечките од Хаклабот Кика ќе бидат во улога на ментори кои ќе се обидат „да бидеме таму и да им помагаме на учесниците кога ќе заглават. Евентуално, да им помогнеме да го ограничат scope-от на нешто што е изволиво во тие четириесет и осум часа“.

Пријавувањето за хакатонот трае до 1 март, и иако на хакатонот се очекува да се пријават студенти кои знаат да програмираат, сепак тоа не треба да биде ограничување. Дополнителната цел на настанот е да се сподели знаењето во областа на програмирањето.

„Не би сакал да обесхрабрам комплетни почетници од тоа да учествуваат на хакатонот. Сигурно ќе им биде интересно и ново искуство и ќе научат нови работи. Ќе ми биде мило ако има и такви. Само не треба да се разочараат ако не стигнат да ја реализираат апликацијата во тој краток рок. Идеално, луѓето искрено ќе ги интересира проблемот кој нивната апликација ќе го решава, па ќе продолжат да ги развиваат и после хакатонот.“

Апликациите ќе се изработуваат со слободен софтвер, па можеби некои ќе бидат охрабрени и да го споделат изворниот код. Не треба да се заборави дека во Македонија пополека започнува да се отвараат податоците што можеби ќе им користи на студентите. Најдобрите апликации на хакатонот ќе добијат и награда, и ќе бидат презентирани на престојната конференција Engage, во организација на МОФ.

Корисни линкови:

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post ИТ настан: Студентски хакатон за подобро високо образо… appeared first on […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk