2 коментари 1 мин. читање

Aпликација на денот: Хрватската PhotoMath го освои американскиот App Store

Хрватската апликација PhotoMath од PhotoPay го надмина Facebook Messenger на американскиот App Store на Apple, и уште поимпресивно, стана најпопуларната бесплатна апликација на американскиот App Store, јави Netokracija. Дел од популарноста на апликацијата секако се должи и на тоа што беше дел од стартап натпреварувањето TechCrunch Disrupt кој се одржа во Лондон, и за неа пишуваа реномирани ИТ блогови и светски медиуми.

PhotoMath е апликација која помага не само со брзо решавање на математичките проблеми, туку и нуди помош со решавање на проблемите чекор по чекор. Апликацијата може да ви помогне доколку имате проблеми со основни аритметички операции, дропки, децимални броеви, линеарни равенки и уште неколку други функции. Тоа што ја прави апликацијата волку популарна е едноставноста при користењето. PhotoMath може да препознае формули и математички проблеми со едноставно насочување на камерата на телефонот, а доаѓа и со црвен маркер на екранот кој покажува каде треба да се смести формулата.

Нови функции се додаваат со секоја надградба на апликацијата, а можеби единствен недостаток е што во моментов не постои можност за вчитување на рачно напишан текст, туку единствено испечатени проблеми.

PhotoMath from MicroBLINK on Vimeo.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top