Apple Maps сега се достапни и во Србија

1 коментар 1 мин. читање

Доколку сте корисник на iPhone и често патувате во Србија, Apple го олесни снаоѓањето по улиците на северниот сосед. Откако беше договорено дека во земјата ќе може да се продава iPhone, Apple и Телеком Србија потпишаа уште една соработка со која Apple Maps ја подржуваат и територијата на Србија. Ова значи дека отсега освен најголемите улици во Белград на Apple Maps ќе бидат опфатени и останатите места, иако, барем засега помалите места не се детално изработени и има уште доста работа да се докомплетира целата мапа на Србија. Комплетната мапата ги опфаќа и броевите на куќите за поголемите и поважни улици.

Мапите се веќе достапни од викендов, а нескоро на јунската конференција на WWDC се очекува Apple да го отвори и српскиот App Store, јавува Netokracija.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top