0 коментари 1 мин. читање 4 декември, 2013

Any.do Cal сега ќе ви го замени календарот и на Android

Има куп апликации за календари, но Cal на Any.do, достапна за iOS уште од летово, е можеби најуникатниот мобилен календар кој ќе ви понуди едноставен, но корисен интерфејс, и артистички позадини. Бесплатниот Cal е поврзан со Any.do, to-do апликацијата, што значи дека сите обврски кои сте ги додадале ќе ви бидат излистани во календарот, заедно со поврзаните Facebook настани, Google Calendar, родендени и сите други обележани датуми. Кога ќе си додадете ваш датум, тоа го правите едноставно со додавање на ден, кратко објаснување, локација, а има и потсетници кои ќе ве потсетат за обврските или состаноците. Тоа што е проблем со iOS верзијата е што мора да го исклучите оригиналниот iOS календар за да не ве спамираат две апликации со исти пораки, и најверојатно истото тоа ќе мора да го направите и на Android.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top